Српските пратеници во Косово против формирање косовска армија

Српските пратеници во косовскиот Парламент нема да учествуваат на седницата на 5 мај, на која ќе се гласа за формирање на косовската армија, соопшти независниот пратеник Миливое Стојановиќ.

Стојановиќ изјави дека ниту една земја од регионот не му се заканува на Косово, а безбедноста на земјата е гарантирана од силите на НАТО -КФОР и мисијата на .Европската унија - ЕУЛЕКС.

Тој го повика премиерот Хашим Тачи од дневниот ред на Парламентот да го повлече владиниот предлог за измени во Уставот и на предлог законот за трансформирање на Силите за безбеднист на Косово во Вооружени сили на Косово.