Временска прогноза - променливо облачно и дождливо

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне повторно нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен. Утринската температура се движи од шест до 14, а дневната од 15 со 21 степен.

Во Скопје слично време. Температура ќе се искачи до 18 степени.

Во понеделник се уште ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на дневната температура. Потоа, следуваат неколку денови на постабилно, посончево и потопло време.