Најмалку 23 загинати во два бомбашки напади во Сирија

Илустрација.

Бројот на жртви од вчерашните двата напади со автомобил бомба во провинцијата Хама во централна Сирија се искачи на 23, јавуваат сириските активисти. Претходно беше јавено дека загинале 18 луѓе. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон вели дека бројот на жртви може да се зголемува. Тие соопштија дека меѓу загинатите има 14 деца. Двете експлозии се случиле во села оддалечени околу 20 километри. Сириската државна телевизија објави дека нападите се извршени од терористите, како што сирискиот режим ги нарекува бунтовните. Сè уште нема информации дали нападите биле координирани. Во тригодишниот конфликт во Сирија досега загинаа повеќе од 150 илјади луѓе.