Хејгел - Руската агресија врз Украина е „појаснувачки момент“ за НАТО

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел денеска изјави дека руската агресија врз Украина претставува „појаснувачки момент“ за НАТО. Зборувајќи во Центарот Вилсон во Вашингтон, Хејгел повика на „обнова на финансиските обврски“ на сите членки на НАТО. Тој рече дека европските членки на НАТО треба да ги зголемат инвестициите во одбраната, затоа што на долги патеки Русија ќе ги тестира целите, издржливоста и посветеноста на 28-члената Алијанса.