Фронтот за слобода на изразување го осуди говорот на омраза

Фронтот за слобода на изразување уште еднаш најостро го осудува говорот на омраза од Миленко Неделковски на неговиот портал „Дудинка“, кој поттикнува на насилство кон критички медиуми и кон конкретни новинари, колумнисти и политичари.

„Ваквиот говор на омраза кој поттикнува насилство кон медиуми и новинари има дополнителна тежина, затоа што доаѓа веднаш по изборите, од страна на провладин новинар кај кого редовно гостуваат претседателот, премиерот и министрите“, се наведува во соопштението од Фронтот за слобода на изразување.

Тие ги повикува надлежните институции сериозно и соодветно да реагираат на поттикнувањето на насилство. Во Фронтот членуваат неколку невладини организации.

Претходно, група новинари кои беа прозвани како грчки платеници во колумна на Миленко Неделковски, поднесоа кривична пријава против него.