Судар во метрото во Сеул, околу 200 полесно повредени

Околу 200 луѓе биле повредени во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, при судар во подземната железница. За среќа, никој не е потешко повреден. Јужно-корејската телевизија јави дека едниот воз излегол од шините по ударот, а повеќето од патниците се повредиле кога скокале од вагоните.