Експлозии на Синајскиот Полуостров, еден војник загинал

Во две речиси симултани експлозии на Синајскиот Полуостров во Египет, загинал еден војник, а неколкумина биле ранети. Експлозијата се случила во градот Ел Тур, лоциран меѓу Каиро и Шарм Ел Шеик. Целта на првиот напад бил контролен пункт на армијата, а другата експлозија ја активирал бомбаш самоубиец во близина на автобус.