Украинските безбедносни сили се обидуваат да ја превземат контролата врз Словјанск

Про-руските сепаратисти во источниот украински град Словјанск објавија дека во тек е голема операција со која украинските безбедносните сили се обидуваат да ја вратат контролата врз градот.Агенциите јавија дека хеликоптер на украинските воздухопловни сили отворил оган во едно предградие , каде живеат над 100.000 луѓе, како и дека се слушаат истрели во Словјанск. Помошникот на министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков изјави дека засега не може да коментира, додека се не заврши. Словјанск е под контрола на сепаратистичките сили од минатиот месец кога активистите окупираа една полициска станица. Оттогаш тие влегоа во повеќе други владини објекти.