Десетици илјади луѓе во Москва за Први мај

Десетици илјади луѓе учествуваа на парадата Денот на трудот низ центарот на Москва, на Први мај. За прв пат од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, парадата за Први Мај е организирана од Руската Федерација на Независни Синдикати на Црвениот плоштад.Според полицијата на парадата учествувале над 100.000 луѓе. Поворката беше предводена од градоначалникот на Москва, Сергеј Собиајнин.Луѓето носеа шарени балони, цвеќиња и руски и советски знамиња и маршираа низ Црвениот плоштад. Некои од учесници изразија подршка за одлуката на претседателот Владимир Путин за анексијата врз Крим. Свеченостите доаѓаат во време ескалацијата на тензиите меѓу Москва и Киев.Околу 2.000.000 луѓе вчера присуствуваа на слични паради во други градови на Русија.