Десетици работнички активисти уапсени во Техеран

Работнички активисти во Техеран.

Неколку десетици работнички активисти беа уапсени денеска во Техеран каде што го одбележуваа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Активистите биле уапсени на протестот пред Министерстовто за труд, како и на уште една локација во западен Техеран. Активистот Давуд Разави рече дека биле уапсени 23 демонстранти и дека власта покажува недостиг од толеранција дури и кон малите форми на несогласување. Меѓу уапсените е и долгогодишниот член на Синдикатот на работниците на Техеран Ебрахим Мадади. Тој наводно бил претепан и однесен на непозната локација.