Проукраински протести во Русија

Мали групи луѓе одржаа недозволени протести во Москва и во Санкт Петерсбург во знак на поддршка на Украина и ги критикуваа постапките на Кремљ во соседната земја. Во Москва протестираа само седум луѓе кои прошетаа по главните улици на градот носејќи големо украинско знаме и ја пееја украинската химна. Руските специјалци го разбија протестот и приведоа четворица демонстранти. Во новинските извештаи не се прецизира колкумина луѓе учествувале на протестот во Санкт Петерсбург.