Уапсени активисти на Гринпис во Холандија

Архивска фотографија.

Обидот на активистите на Гринпис да блокираат руски танкер полн со арктичка нафта да не влезе во пристаништето во Ротердам беше спречен од холандската полиција, која денеска уапси повеќе од 30 активисти на Гринпис на бродот на организацијата „Воин на виножитото“. Меѓу уапсените и е капетанот на бродот. Гринпис сакаше да го спречи рускиот танкер „Михаил Уљаков“ да вплови во Ротердам. Активистите сакале со помали бродови да се проближат до танкерот и со боја на напишат „Не за арктичката нафта“. Капетанот на бродот „Воин на виножитото“, Питер Вилкокс, беше капетан и на бродот „Арктичко изгрејсонце“ кој беше запленет од страна на руските власти минатиот септември во близина на руската нафтена платформа во Печорското Море. Тогаш беа уапсени 30 луѓе на бродот, вклучувајќи го и Вилкокс, кои поради инцидентот беа обвинети за пиратство.