Првомајски протести во Скопје

Членови и претставници на повеќе синдикати со протести пред Собранието и владата го одбележаа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, додека најголемиот ССМ го одбележи празникот симболично, со собир на плоштадот „Македонија“ и одржување на свечена седница. Синдикатите и организациите што протестираа бараат законот за минимална плата да профункционира веднаш, а не во 2018 година, правото на штрајк да се ослободи од законските стеги и правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија.