Бајден - ширењето на НАТО е промоција на мирот

Ширењето на евро-атланската заедница беше едно од најсилните движења за промоција на мирот, просперитетот, безбедноста и демократијата изјави американскиот пот претседател Џо Бајден на конференцијата на Атланскиот совет за проширувањето на НАТО во Вашингтон.

„Сега, гледајќи ги руските акции во Украина, некои велат дека можеби не требаше да им дадеме безбедносни гаранции на Полска, Бугарија, Романија и на балтичките земји, но јас мислам дека моравме да ги дадеме тие гаранции бидејќи ние одбиваме да има сфери на влијание создадени врз грбот на луѓе кои заслужуваат слобода. Да бидам јасен, актуелната криза нема врска со проширувањето на НАТО. Таа се роди во Кремљ, во умот на Путин, и нема врска со фактот дека го проширивме НАТО. Нема да седиме мирни додека Европа конечно, конечно не биде цела, слободна и во мир. Тоа е можно ако останеме поврзани, единствени и решителни“ ,

изјави Бајден. На конференцијата на Атланскиот совет, на која се обрати и државниот секретар Џон Кери како и десетици политичари и експерти од САД и Европа учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски.