ММФ: Русија во рецесија

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека Русија е во рецесија и оти земјата се соочува со масовен одлив на капитал поради кризата во Украина. Шефот на мисијата на ММФ во Русија, Антонио Спилимбрего, денеска во Москва изјави дека ММФ ја скратил проценката за еконосмкиот раст на Русија за годинава од 1,3 на 0,2 отсто, а се очекува годинава од земјата да се одлеат околу 100 милијарди долари. Тој рече дека меѓународните санкции против Русија поради нејзината вмешаност во кризата во Украина веќе ја погодуваат руската економија и се закана за инвестициите во земјата.

„Ако ја дефинираме рецесијата како негативен раст во два квартали по ред, тогаш Русија од таа гледна точна се соочува со рецесија“, рече тој.