Турското обвинителство отвори истрага против свештеникот Фетула Ѓулен

Свештеникот Фетула Ѓулен во неговиот дом во САД.

Турските медиуми јавуваат дека обвинителството започна кривична истрага против свештеникот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, поради наводите дека се обидел да ја собори владата. Премиерот Реџеп Таип Ердоган вчера соопшти дека ќе побара од Вашингтон да го екстрадира Ѓулен, кој живее во американската држава Пенсилванија од 1997 година, кога секуларистичките власти во Турција го обвинија дека бил вмешан во исламистички активности. Ердоган го обвинува влијателниот свештеник за заговор за соборување на неговата влада со измислени обвинувања и за објавување тајни аудио снимки. Екстрадицијата на Ѓулен, за кого се смета дека има милиони следбеници, ќе биде можна само ако Турција издаде потерница и да приложи докази дека направил кривично дело.