Во Сирија убиен Косовец

Илустрација.

На боиштата во Сирија животот го загубил уште еден косовски Албанец. Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за Егзон Авдули, по потекло од Пеќ, кој неколку години живел во Норвешка, од каде и заминал за Сирија да војува како џихадист, пренесува МИА. Во борбите во Сирија неофицијално се борат најмалку 300 Косовци, а животите ги загубиле десетина. Нивните тела не се носат во родните места туку се погребуваат во Сирија. По сè поголемиот број млади кои заминуваат во Сирија и Ирак, како и зголемениот број жртви, поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава ги повика сите млади Косовци кои војуваат во Сирија и во Ирак да се вратат во Косово. Тој вети дека ИВЗ и косовските инситуции ќе им овозможат реинтеграција во општеството. Според него, во Сирија и во Ирак не се води света војна, а овие млади се измамени од одредени групи и поединци кои не му посакуваат добро на Косово.