Попоски на конференција на Атлантскиот совет

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски на вчера учествуваше на конференцијата “Кон цела и слободна Европа“, која во организација на Атлантскиот совет на САД се одржува во Вашингтон, САД.
На конференцијата, на која настапуваат министри од регионот, Потпретседателот на САД, Бајден, Државниот секретар, Кери и голем број на лидери и експерти од областа на надворешната и безбедносната политика, се обележаа 25 годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид и 10 годишнината од историското проширување на ЕУ и НАТО, и воедно се дискутираше и за перспективите и предизвиците на Евро-атлантските интеграции денес.
Во своето обраќање, Попоски ја поздрави политиката на отворени врати на НАТО.
Во поглед на евро-атлантските интеграции, министерот Попоски истакна дека вредностите кои Македонија ги промовира се: слобода, демократија, владеење на правото.
Според правото Македонија треба да е во НАТО од 2008 година, кога безправно беше блокирана, и од 2008 година да преговара со ЕУ. Не можеме да се враќаме во минатото, но може да ја подобриме заедничката иднина.