Обама се врати во Вашингтон по азиската турнеја

Обама во посета на Малезија.

Американскиот претседател Барак Обама вчера се врати во Вашингтон по турнејата во која посети четири земји во Азија за да им изрази поддршка како на регионални сојузници. Негова последна дестинација беа Филипините, откако претходно ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Малезија.

За време на турнејата, Обама ја предупреди Кина поради нејзиното однесување во територијалните спорови во Источното и Јужното Кинеско Море, што го предизвика Пекинг да го обвини Обама за здружување со проблематични сојузници.

Американскиот претседател на 2 мај во Белата куќа треба да ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе разговара за тензиите меѓу Русија и Украина.