Се повлекува прорускиот кандидат за претседател на Украина

Прорускиот кандидат за претседател на Украина Олег Царјов.

Прорускиот кандидат за претседател на Украина Олег Царјов објави дека се повлекува од претседателската трка. Царјов, кој е пратеник од Партијата на регионите, денеска изјави дека било опасно за него да ја продолжи претседателската кампања и да се сретне со граѓаните на Киев. Тој ги повика сите претседателски кандидати што ги претставуваат источните и југоисточни украински региони да ги бојкотираат изборите закажани за 25 мај.

„Изборите што се одржуваат во време додека се одвива граѓанска војна мора да бидат бојкотирани“, рече тој.

Претходно овој месец, Царјов рече дека бил претепан од про-украински активисти во Киев.