Села бара оставка од Тачи

Мендух Тачи треба да поднесе оставка од функцијата претседател на партијата, рече денеска на прес-конференција, градоначалникот на Струга Зијадин Села. Според него, лидерот на партијата треба да поднесе оставка поради резултатите што ги постигна партијата на претседателските и предвремените парламентарни избори. Села вели дека Мендух Тачи не ги почитувал одлуките на највисоките партиски органи, пред кои, како што додаде, треба да даде и отчет за она што го работи.

„Со која смелост без да ги праша органите на партијата, Тачи донесе одлука да гласа за претседател на државата. Ние заедно, во органите на партијата договоривме дека ќе гласаме само за претседател Албанец. Во Конгресот треба да се дебатира дали ДПА треба да учествува или не во Владата што ја крои ВМРО-ДПМНЕ. ДПА е на политичката сцена веќе 20 години и затоа овие важни одлуки кои удираат по темелите на партијата треба да ги носи Конгресот составен од делегати од сите населени места во кои ДПА има разграноци“, рече на денешната прес-конференција струшкиот градоначалник Зијадин Села.