Ердоган ќе побара екстрадиција на исламистички свештеник од САД

Исламистичкиот свештеник Фетула Ѓулен во неговиот дом во Пенсилванија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека ќе побара од Вашингтон да го екстрадира исламистичкиот свештеник Фетула Ѓулен, кого го обвинува за заговор за соборување на неговата влада со измислени обвинувања и објавување на тајни снимки. Ѓулен живее во американската држава Пенсилванија од 1997 година, кога секуларистичките власти во Турција го обвинија дека бил вмешан во исламистички активности. Ѓулен негира дека ја инспирирал истрагата за примање мито против Ердоган и други турски функционери, иако тој јавно го осуди турскиот премиер затоа што ја затвори истрагата, така што во полицијата и судовите постави негови приврзаници. Ердоган вели дека Ѓулен ги измислил обвинувањата дека неговиот син и децата на тројца други министри се вклучени во корупциски скандал и оти примиле мито од неколку милијарди долари. Турскиот премиер исто така го обвини движењето Хизмет на Ѓулен за прислушкување илјадници телефонски разговори и објавување на тајните аудио снимки.