Шојгу до Хејгел: Русија нема да ја нападне Украина

Сергеј Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го уверувал американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел дека Русија нема да ја нападне Украина. Двајцата колеги вчера имале телефонски разговор, а како што соопшти руското министерство за одбрана, Шојгу изјавил дека руските трупи се вратиле во касарните по одржаните вежби на украинската граница. Тој додал дека го сториле тоа откако украинските власти објавија оти нема да употребат регуларни воени единици против невооруженото население.
Шојгу исто така рекол дека е без преседан зголемувањето на активностите на американските и НАТО силите во близина на руската граница.
Околу 150 американски војници вчера пристигнаа во Естонија за да учествуваат во воените вежби, во услови на зголемени тензии со Русија поради ситуацијата во Украина. Со тоа, бројот на трупи испратени од Вашингтон во Полска и во балтичките земји за време на оваа криза се зголеми на 600.