Времето денеска претежно облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд, зголемена облачност и со услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура се движи од пет до 10, а дневната ќе биде од 15 до 22 степена.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб повремен локален дожд, а попладне со зголемена облачност, нестабилност, со пороен дожд и со грмежи.
Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но и со повремен дожд. Во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност, со пороен дожд проследен со грмежи. Температурата во однос на другите денови нема многу да се менува.