Пендаровски - Меѓународната заедница да се позанимава со креаторот на проблемите

Стево Пендаровски.

Целосно стојам зад квалификациите на изборниот процес кои вчера ги кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Тој смета дека да имало демократија, разликата на овие избори ќе била најмалку 100 до 150 илјади гласови во негова корист. Пендаровски упати повик до меѓународната заедница да издвои дел од своите ресурси и да се позанимава со креаторот на проблемот во владата.

Партискиот секретар Оливер Спасовски изјави дека СДСМ инсистира на формирање техничка влада што ќе спроведе фер изборен процес, во којшто ќе биде рефлектирана реалната волја на граѓаните. СДСМ бара од меѓународниот фактор со директни зборови да ги оцени состојбите во Македонија, што ќе биде, според Спасовски, придонес кон поддршка на граѓаните на оваа земја.