Германија ги смета за апсурдни обвинувањата од Берлускони

Greece -- German Chancellor Angela Merkel speaks during a forum with Greek entrepreneurs in Athens, April 11, 2014

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Стефен Сеиберт, го отфрли како апсурдно тврдењето на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој рече дека Германците го негираат постоењето на нацистички концентрациони логори. Берлускони го изнесе ова обвинување завчера за време на кампањата за изборите за Европскиот парламент. Сеиберт исто така одби да го коментира предизборниот плакат на партијата на Берлускони, Форца Италија, кој повикува на „Повеќе Италија и помалку Германија“.