Одбележан Денот на холокаустот

Со две минути молк додека трае звукот на сирените, Израел денеска го одбележува Денот на холокаустот. Автомобилите и автобусите застанаа на улиците и автопатите, пешаците застанаа, а дел од возачите излегоа од своите возила простум да им изразат почит на шесте милиони убиени Евреи од страна на нацистите во Втората светска војна. Годишната комеморација во меморијалниот центар на холокаустот Јад Вишем почна ноќеска. Премиерот Бенјамин Нетанјаху синоќа предупреди од опасноста од нуклеарно вооружен Иран, велејќи дека Техеран сака уништување на Израел.

Денот на холокаустот денеска беше одбележан и во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје со симболично палење шест свеќи во спомен на шесте милиони убиени Евреи.