Српските новинари незадоволни од селективниот однос на Парламентот

Независнoто здружение на новинарите на Србија (НУНС) протестира против одлуката на српскиот Парламент полагањето заклетва на министрите од новата влада да може да го снимаат само некои медиуми. Заклетвата на министрите, според соопштението на Народното собрание на Србија, може да го снимаат и фотографираат само снимателите и фоторепортерите на Ројтерс, ТВ Пинк, Танјуг, Инфобиро и на службите на парламентот и владата. НУНС ваквата одлука ја оценува како неприфатлива, бидејќи води кон создавање на атмосфера во кој државните органи може да бираат на кои медиуми ќе им дозволат да следат настани од јавен интерес.