Египет забрани продемократска партија

Архивска фотографија: Протести на движењето „6 Април“.

Судот во Каиро забрани египетска продемократска партија која одигра клучна улога во протестите во 2011 година што доведоа до соборување на поранешниот претседател Хосни Мубарак. Судот одлучи дека движењето „6 Април“ го нарушило имиџот на египетската држава. Тројца лидери на движењето во декември беа затворени поради тоа што беа прогласени виновни за учество во недозволени протести. По соборувањето на Мубарак во февруари 2011 година, движењето „6 Април“ му се спротивстави и на новиот исламистички претседател Мохамед Морси. По соборувањето на Морси, тие беа критички настроена и кон новата владата, која ја имаше поддршката од армијата.