Уште еден град во источна Украина под контрола на сепаратистите

Вооружени про-руски сепаратисти денеска ја завзеле полициската станица и административната зграда во источниот украински град Костјантјинивка. Сепаратистите имале исти барања како во другите градови во источна Украина, кои ги држат под контрола, меѓу кои и референдум за можно одвојување од Украина. Во Костјантјинивка има околу 100 илјади жители и се наоѓа на 60 километри од Доњецк.