Израел го одбележува денот на Холокаустот

Израел денеска го одбележува Денот на Холокаустот. Уште во текот на ноќта, во Јад Вашем меморијалот, започнаа 24 часовните комеморации за 6-те милиони убиени евреи од страна на нацистичка Германија и нејзините сојузници. Две минути свиреа сирените во цел Израел во знак на сеќавање на жртвите, сообраќајот беше целосно запрен, а луѓето излегуваа од автобусите и автомобилите и стоејки им оддава почит на жртвите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето, предупреди на нуклеарните закани од Иран.