Излезноста во Охрид 55 отсто до 17 часот

Целиот изборен процес во Охрид, како што официјално соопштуваат од ОИК, се одвивала во мирна и фер атмосфера. Во Општина Охрид за претседателските избори до 17 часот на гласање излегле 54,77 отсто од гласачите, а за предвремените парламентарни избори, до 17 часот на гласање излегле 55,46 отсто од запишаните избирачи. Во Охрид на овие избори се гласа на вкупно 88 избирачки места, јавува нашиот дописник Мики Трајковски.