Обвинувања за организирано носење гласачи во струшко

Претставници на политички партии во Струга реагираат дека активисти на други политички партии организираат превоз и носат дел од жителите на селските средини на гласање до избирачките места, јавува нашиот дописник Мики Трајковски. Друга политичка партија, пак, реагира дека партиски активисти водат евиденција кој одел на гласање. Ваквите активисти наводно биле забележани на неколку локации. Од една политичка партија писмена рекација за ова испратиле до МОСТ, Цивил, ОБСЕ и ОИК во Струга. Исто така, претставници на партии реагираат дека забележале и поткуп на гласачи.

Во населените места со албанско население во струшко, излезеноста е мала. За претседателските избори во струшко до 17 часот излезеноста е само 29,13 остот, додека за парламентарните избори гласале 38,49 од граѓаните со право на глас.