Сепаратистите влегоа во ТВ куќа во Доњецк

Про-руски сепаратисти влегоа во канцелариите на регионалната ТВ и радио куќа во источниот украински град Доњецк. Над зградата на телевизиjата е истакнато знамето на самопрогласената Република Доњецк . Агенциите јавуваат дека сепаратисти во маски, со палки и штитови, стојат пред влезот на зградата, а повеќемина во маскирни униформи се наоѓаат внатре.
Претходно про-руски демонстранти се собраа на плоштадот Ленин во Доњецк , барајќи референдум за федерализација на Украина.