Оставка на премиерот на Јужна Кореја

Премиерот на Јужна Кореја Чунг Хонг поднесе оставка поради критиките дека неговата влада не го координирала добро спасувањето на патниците во бродот кој потона на 16 април, кога загинаа повеќе од 300 луѓе. Чунг во денешната изјава за новинарите рече дека решил да поднесе оставка за да не и биде товар на владата. Тој дополни дека ја видел тагата на семејствата на настраданите и дека мисли оти треба да ја превземе одговорноста како премиер. Досега 187 тела се извлечени од потонатиот ферибот, а 115 луѓе се исчезнати.