Преговарачите на ОБСЕ пристигнаа во Словјанск


Тим на ОБСЕ пристигна во Словјанск барајќи да бидат ослободени осумте набљудувачи од нивната организација кои се заробени од про-руските сили. Преговарачите се на средба со самопрогласениот градоначалник на Словјанск Вјачеслав Пономарјов. Пономарјов претходно изјави дека заробените монитори на ОБСЕ се воени затвореници.Набљудувачите на ОБСЕ беа во источна Украина да го надгледуваат спроведувањето на договорот потпишан во Женева на почетокот на април, за смирување тензиите во регионот.