Сирија сеуште има 8 проценти од хемиското оружје


Шефот на меѓународната мисија за уништувањето на сириското хемиското оружје Сигрид Кааг изјави дека Сирија се уште има околу осум отсто од своето хемиско оружје, што требаше да биде предадено до 27 април кога е последниот рок.

На прес-конференција во Дамаск, беше речено дека се уште има надеж дека крајниот рок за целосно уништување на сирискиот хемиски арсенал, 30 јуни ќе биде испочитуван

Според договорот САД-Русија од минатата година, Сирија се согласи да го предаде целиот хемиски арсенал до 30 јуни оваа година.

Владата на Сирија се согласи да го предаде хемиското оружје откако Вашингтон се закани со воена акција како одговор на смртоносниот напад со хемиско оружје надвор Дамаск.