Ирачките сили нападнаа конвој во Сирија


Ирачките безбедносни сили нападнале конвој на милитантите во источниот дел на Сирија при што загинале најмалку осум лица. Министерството за внатрешни работи соопшти дека операцијата се одржала изутрината во близина на ирачката граница каде ирачките хеликоптери го нападнале конвојот.Конвојот се обидувал да влезе во Ирак за да им донесе гориво на милитанти, кои со владините сили се борат со месеци во Анбар. Ова е прв ирачки напад во Сирија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека немало координација со сирискиот режим и оти нивна одговорност е заштита на границата.