Во Охрид проблеми со избирачките списоци

Претседателите на избирачките одбори во Охрид потврдуваат дека постои голем револт помеѓу граѓаните кои ги има во списокот за парламентарните избори, а ги нема во списокот за претседателските избори. Кире Стојанов претседател на Избирачкото место 1308/1 вели дека разликата во нивното избирачко место од едниот во другиоt избирачки список била околу 10 гласачи. Во Охрид на списокот за парлментарните избори има 650 повеќе гласачи од списокот за претседателските избори.

Од ОИК за Радио Слободна Европа потврдија дека граѓани реагираат до нив за овие пропусти и оти ги упатуваат до ДИК. Во Охрид до 10 часот правото на глас за парламентарните избори го оствариле 10,87 % од гласачите, додека за претседателските избори 10,76%