Авганистан: петмина војници на НАТО загинаа во хеликоптерска несреќа

Пет војници на Меѓународните сили предводени од НАТО за помош во безбедноста во Авганистан (ИСАФ) се убиени во хеликоптерска несреќа во јужниот дел на Авганистан, во провинцијтаа Кандахар.
Министерството за одбрана на Велика Британија потврди декахеликоптерот бил британски .
Сепак, националите припадности на мртвите не се објавени.
Канцеларијата на гувернерот на провинцијата изјави дека несреќата е резултат на "технички проблеми".
Од ИСАФ рекоа дека причините за несреќата се уште се испитуваат.