Иран: егзекутирани три лица поради убиство на обвинителот

Иранската државна новинска агенција соопшти дека тројца мажи осудени за убиство на обвинителот во немирниот пограничен регион со Пакистан, се егзекутирани. ИРНА вели Омид Пири, Алиреза Дахмарде и Иман Галави биле обесени јавно на 26 април пред семејството на убиениот обвинител и жителите на Забол, град во југоисточната провинција Систан-Балучистан. ИРНА изјави дека егзекуциите се извршиле на истото место каде што јавниот обвинител Муса Нури бил убиен во ноември, заедно со неговиот возач. Случајот бил разгледан од страна на иранскиот Врховен суд, кој ја потврдил пресудата против тројцата. Нури се смета за еден од најтешките обвинители во борбата против опиумот и другите мрежи на шверц со дрога кои ги користат патиштата кои водат од Пакистан и Иранкон планините и пустините на Авганистан.