САД ја предупреди Северна Кореа против нуклеарни закани


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе употребат воена сила ако е потребно да ги бранат своите сојузници во Азија и ја предупреди Северна Кореја против правење нуклеарни закани. Обама ова го изјави во текот на посетаtа на Јужна Кореја. Тој ја обвини Северна како "отпадничка" за која програмата за нуклеарно оружје е "пат до се поголема изолација." Обама ја опиша границата меѓу Северна и Јужна Кореја како "граница на слободата". Изјавите на Обама доаѓаат во време на зголемената загриженост во последните неколку дена дека Пјонгјанг се подготвува да спроведе тест за нуклеарно оружје.