Најмалку четворица загинати во бомбашки напад во Карачи

Најмалку четворица луѓе загинаа, а 30 се повредени во силна експлозија на бомба во градот Карачи на југот на Пакистан. Болнички извори велат дека петмина од повредените се во критична состојба. Најмалку три возила со владини регистарски таблички биле оштетени во денешната експлозија. Министерот за информации во пакистанската провинција Синд, Шарџил Мемо, изјави дека сè уште е непознато дали некој владин функционер е повреден. Во ескплозија на бомба, исто така во Карачи, вчера, загина истакнат полициски службеник и тројца други луѓе. Властите велат дека токму полицаецот Шафик Таноли бил мета на нападот поради неговата активна антитерористичка кампања. Во Карачи се кријат локлани и странски милитанти. Таму се чести судирите меѓу тешко вооружените етнички и политички групи.