Кери ја обвини Русија за поткопување на стабилноста на Украина

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека Русија не ја искористила можноста да го смени курсот во Украина. Во изјава за новинарите во Вашингтон , Кери вчера рече дека Русија не превзела ниту еден конкретен чекор за спроведување на договорот постигнат пред една недела во Женева за смирување на кризата во Украина. Кери дополни дека последиците ќе бидат сериозни ако Русија продолжува да ја поткопува стабилноста на Украина. Во интервју за руската телевизија, рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин изјави дека генералниот секретар на ОН треба да ја обвини Украина за употребата на вооружени сили против политичката опозиција.