Русија почнува воени вежби во близина на границата со Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека Русија почнува нови воени вежби во близина на границата со Украина како одговор на украинската акција против проруските сепаратисти и зајакнувањето на силите на НАТО во Полска и во балтичките членки на Алијансата – Естонија, Летонија и Литванија. Шојгу вели дека Русија е принудена да реагира, откако Киев почна воена операција за враќање на контролата врз градот Славјанск во источна Украина, каде што досега се јавува за петмина убиени сепаратисти. Шојгу наведува дека во операцијата против цивилите на југоистокот на Украина каде што главно се зборува на руски јазик, учествуваат 11 илјади украински војници со тенкови, авиони и оклопни возила. Тој ги нарече украинските сили „воена машина“ и оти ако не запре, тоа ќе доведе до поголем број на загинати и повредени. Шојгу исто така рече дека планираните воени вежби на НАТО во Полска и во балтичките земји не помагаат за смирувањето на ситуацијата.