Тројца убиени во напад врз болница во Кабул

Кабул, 24.04.2014

Тројца странци, вклучувајки и еден лекар, биле убиени денеска во Кабул кога еден припадник од обезбедувањето отворил оган врз една меѓународна болница, која е на американска хуманитарна организација. Напаѓачот бил совладан и уапсен, а мотивите за нападот засега не се познати.