Клинтон е за поостри санкции против Москва

Поранешната американска Државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека верува оти меѓународните санкции против Русија поради кризата во Украина мора да бидат „заострени и проширени“. Говорејќи на универзитетот во Конектикат, таа истакна дека Русија ќе плати „висока цена“ за нејзината интервенција во Украина. Клинтон додаде дека Западот мора да биде „многу јасен, силен и во одреден степен трпелив“ со цел да го притиска рускиот претседател Владимир Путин. Таа исто така го обвини Путин за обид да го врати времето во ерата на Советскиот Сојуз.
Инаку, Клинтон размислува да се кандидира за претседател во 2016 година.