Времето денеска променливо со повремен пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 16 до 22 степена.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 10 и со дневна до 19 степени.