Американски војници пристигнаа во Полска

Илустрација.

Американски војници пристигнаа во Полска за да се зајакнат источните граници на НАТО во услови на засилени тензии со Русија. Околу 150 американски војници кои беа стационирани во Италија денеска слетаа на аеродромот во градот Свидвин во северна Полска. Се очекува во наредните денови околу 450 американски војници да се распоредат во балтичките членки на НАТО – Естонија, Летонија и Литванија. Се очекува тие да земат учество во воените вежби во Полска и во овие три земји. Портпаролот на американското Министерство за одбрана изјави дека распоредувањето на војниците е со цел да и се испрати порака на Мосаква дека Вашингтон ги зема многу сериозно заложбите за одбрана на НАТО сојузниците. НАТО претходно соопшти дека Русија распоредила десетици илјади војници на границата со Украина како предност при можен напад.