ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ му пречи што имаме штабови

Илустрација.

На СДСМ и на Зоран Заев очигледно им пречи што ВМРО-ДПМНЕ има сопствени штабови во поголемите градови низ Македонија, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека само за три месеци го зголемиле имотот за 1,6 милиони евра.

„Ако тоа им пречи, ние сме спремни да се откажеме од тие штабови и нашите состаноци да ги држиме на отворено, на плоштадите“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека за сите купени простории за штабови, ВМРО-ДПМНЕ поседува валидни документи и договори и за сите купени простории е платен данок.